Покрај максималната удобност на апартман, предвиден е простор и за превоз на автомобил

Американската компанија Amtrak понуди нов вид на луксузен превоз. Она што порано беа приватни авиони наскоро би можело да стане приватни возови.

Целата приказна започна за време на пандемијата на коронавирус кога приватните железнички вагони станаа „совршено бегство и идеална мерка за социјално дистанцирање“.

Иако цените на вагоните се околу 300.000 долари, досега ги купиле стотина луѓе.

За да поседува сопствен железнички вагон, корисникот плаќа годишна такса за регистрација од 497 долари, а според тарифата од 15 октомври 2022 година, четири долари по помината милја (1,6 километри). За паркирање и одржување на вагоните треба да се смета и на 3.885 долари месечно, а има уште неколку дополнителни давачки.

Покрај максималната удобност и луксуз на станот, има и простор за превоз на автомобилот, кој секогаш можете да го имате на располагање.

Значи, ако имате вишок на пари и сакате да ја запознаете Америка, доволно е да го поврзете вашиот вагон на возот на Amtrak.