РКЕ: Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 со повисока, дизелот со пониска цена!
Со денешната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 28.10.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 , се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 90,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 , не се менува, односно останува на исто ниво како што бил утврден со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 92,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 96,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,584 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,067 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,870% или за 7,900 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,202% или за 13,400 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,228% или за 2,400 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,506% или за 13,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 62,3787 ден/$ и е за околу 0,387% понизок од курсот на доларот (62,6211 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.