Mercedes-Benz А-класата штотуку доби фејслифт и тоа би можело да биде последната итерација на компактниот модел. 

Надворешните промени на A-класата се минимални. Навистина, можеби ќе ви треба лупа за да ги забележите промените. Тие вклучуваат освежена решетка на ладилникот со шема на ѕвезди, нови фарови кои можат да бидат опремени со LED диоди, четири нови дизајни на тркала, стандардни LED задни светла и нов заден дифузер.

Промените направени во салонот се исто толку мали, но тие сигурно ќе бидат ценети од купувачите.

Седум инчна дигитална инструмент табла и 10,25-инчен инфозабавен екран се стандард, а 10,25 инчи за двата екрана е достапно како опција. Тука е и новиот волан со рамно дно, поедноставена централна конзола без ротационен контролер за системот MBUX и отвори за воздух инспирирани од турбина.

Mercedes направил промени и во стандардните компоненти на различните нивоа на опременост што се нудат. На пример, почетните модели доаѓаат стандардно со тродимензионално врежани ARTICO навлаки, додека пак кабината Progressive е достапна во црна, беж и нова сива боја.

Нови украси во изгледот на темните јаглеродни влакна ја красат таблата со инструменти и панелите на вратите, додека AMG Line моделите се карактеризираат со светли украси од брусен алуминиум и црвени контрастни шевови.

Разни нови функции исто така се стандардни во гамата на A-класата. На пример, почетниот модел е опремен со камера за возење наназад, USB пакет и волан обвиткан во Nappa кожа.

Progressive опремата стандардно добива LED фарови, лумбална поддршка, паркинг пакет и Mirror Package. Mercedes-Benz споил функционални карактеристики кои често се нарачуваат заедно за да се поедностави процесот на персонализација. Ажурираниот систем MBUX на A-класата е исто така понапреден од кога било досега и сега вклучува сензор за отпечатоци, дополнителна USB-C порта и подобрувања на гласовниот асистент Hey Mercedes.

Подобрен е и Пакетот за помош на возачот, додека новиот Пакет за паркирање поддржува надолжно паркирање и панорамски поглед од 360 степени.

Mercedes-Benz, ги ажурирал сите бензински модели што не се AMG со 48-волтни благи хибридни системи.

Автомобилот ќе се нуди во верзии A 250 во хеч и седан верзија, како и A 180, A 200, A 220 4Matic, A 250 4Matic, A 180d, A 200 d и A 220d. Моделите Mercedes-AMG A 35 и A 45 S сè уште се на врвот на гамата. Тие ги добиваат главно истите визуелни подобрувања како и пониските модели, а A 35 е опремен со 48-волтен благ хибриден систем.

За верзијата со најголем престиж и индекс A 45 S се нуди и пакетот Street Style Edition кој вклучува додатоци за каросеријата и контрастниот декор.

Ажурираната А-класа ќе се појави пред купувачите на Стариот континент пред 2023 година. Цените во Германија сега почнуваат од 29.850 евра, но нема сомнеж дека ќе пораснат, ако ништо друго, поради побогатата спецификација на опремата.