Ураганот „Иан“ потопи милиони вредни автомобили на Флорида / ВИДЕО
Стотици автомобили пливаат по улиците покрај ајкулите
Катастрофални штети предизвика моќниот ураган „Иан“ кој го зафати брегот на Флорида во САД. Силните ветрови и поројните дождови предизвикаа големи поплави, во кои жртви станаа и стотици автомобили.
Во некои градови во југозападна Флорида, улиците се целосно поплавени, а паркираните автомобили ги носи надојдената вода. Во градот Форт Мајерс поплавите се толку големи што некои населби изгледаат како езера. Нивото на водата на места надминало 3 метри, се вели во изјава на гувернерот на државата Рон ДеСантис.
На фотографија споделена на Instagram се гледа скапоцен McLaren P1 половина потопен во вода.
Овој суперавтомобил беше лансиран од британската компанија во 2013 година. Произведени се 375 primeroci, кои се карактеризираат со мала тежина и хибриден погон кој комбинира 737 КС твин турбо бензински мотор и 179 КС електричен агрегат, заедно за вкупна моќност од 916 КС. Забрзувањето на McLaren P1 од 0 до 100 km/h е за 2,8 секунди, максималната брзина е 350 km/h, што се зголемува на околу 400 km/h без ограничувач.
За жал, овој McLaren P1 најверојатно повеќе нема да може да се вози. Или барем не пред целосна замена на погонскиот систем. Локалните жители споделуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи од областите зафатени од ураганот. Се споменуваат стотици потопени автомобили, меѓу кои и модели од марките Lamborghini, McLaren и Rolls-Royce.