Opel неодамна потврди дека трите букви GSe ќе се вратат за нивните поспортски автомобили опремени со хибридни или чисто електрични погонски единици.

Меѓутоа, наместо „Grand Sport Einspritzung“ сега GSe има друго значење – „Grand Sport Electric“, а првиот модел со таа ознака стана новата Astra GSe во хечбек и караван верзија.

Овде станува збор за plug-in хибриден погон со комбинирана моќност од 165 kW/225 КС и 360 Nm вртежен момент, обезбеден од 1.6-литарски бензински турбо мотор кој работи заедно со електричен мотор, батерија од 12,4 kWh и осумстепен автоматски менувач (погонот е на предните тркала).

Во споредба со стандардната Astra, оваа GSe верзија е пониска за 10 mm, има подобрено управување, нови 18-инчни алуминиумски тркала, малку поагресивна надворешност со редизајнирани браници, како и надградена внатрешност со спортски седишта со алкантара.

Засега, детали за датумот на лансирање на пазарот или цените – нема.