Tesla автомобилите ќе бидaт попаметни од луѓето: Нивните микрочипови веќе имаат 36% од капацитетот на мозокот
Компанијата Vanarama до ова свое предвидување дошла со анализа на микрочипови при што открила дека нивната способност се зголемува со стапка од 486% годишно
Новиот микрочип на Tesla ќе биде „поинтелигентен“ од луѓето до 2033 година – неговата моќ на обработка во моментов е на 36% од човечкиот мозок. Микрочипот D1 може да се справи со 362 трилиони операции во секунда, додека човечкиот мозок е способен за еден квадрилион операции во секунда, според истражувањето на компанијата за лизинг на автомобили и комби Vanarama.
Компанијата до ова свое видување дошла со анализа на минати и сегашни микрочипови на Tesla при што открила дека нивната способност се зголемува со стапка од 486 проценти годишно.
Според Vanarama, компанијата на Илон Маск оваа година треба да претстави нов чип D1, дел од нејзината суперкомпјутерска платформа Dojo – и ќе биде клучен дел од системот за самостојно управување со автопилот на компанијата додека продолжува да се развива. За илустрација, za времето кое ви е потребно да ја прочитате реченицата погоре, чипот D1 е способен да изврши 7,6 квадрилиони операции.
Човечкиот мозок, кој тројно се зголемува во текот на првата година од животот и достигнува целосна зрелост до 25-тата година, содржи околу 100 милијарди неврони. Истражувачите долго време велат дека ќе дојде време кога вештачката интелигенција ќе ги надмине интелектуалните способности на луѓето – иако има широк спектар на мислења за тоа кога тоа ќе се случи.
„Не би било лудо да веруваме дека технологијата ќе стане значително попаметна од луѓето во нашиот живот“, велat od Vanarama. „Микрочиповите моментално можат да работат на начинот на кој функционираат мозочните синапси, а истражувачите развиваат чипови кои се инспирирани од начинот на кој функционира мозокот“.
Претходниот чип, познат како Hardware 3, извршува 144 милијарди операции во секунда во 2019 година. Пред тоа, Hardware 2 можеше да изврши 72 трилиони операции. Гледајќи ја таа стапка на раст, од Vanarama објаснуваат дека на Tesla ќе и бидат потребни само 17 години за да го достигне нивото на зрел човечки мозок од почетокот на неговиот развој.
Во исто време, Маск продолжува да ги брани придобивките од електричните автомобили: „Нема да помине долго пред да ги гледаме автомобилите со внатрешно согорување на ист начин како што ги гледаме парните мотори денес. Вредноста на автомобил со внатрешно согорување купен денес ќе биде многу пониска отколку што мислат луѓето“.