Од полноќ нови намалени цени на горивата!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 05.09.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,990 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,473 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,236% или за 27,300 $/тон, кај дизелот намалување е во просек за 2,617% или за 28,850 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,786% или за 29,100$/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,266% или за 19,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,9777 ден/$ и е за околу 0,848% повисок од курсот на доларот (61,4567 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.