Моделот Ford Escort RS на принцезата Дијана на аукција продаден по астрономска цена! / ФОТО
Ова е убедливо најскапиот Escort досега. Претходниот рекорд изнесуваше 63.000 фунти за еден бел Ford Escort RS Turbo S1 од 1985 година продаден на аукција во 2021 година.
Ford Escort RS Turbo Series 1 од 1985 година, кој и припаѓал на Дијана, принцезата од Велс, е продаден за 730.000 фунти на аукција во Силверстоун на 27 август. Како што можете да претпоставите, ова е убедливо најскапиот Escort. Претходниот рекорд изнесуваше 63.000 фунти за еден бел Ford Escort RS Turbo S1 од 1985 година продаден на аукција во 2021 година. Оваа трансакција за автомобилот исто така ja надминува цената на Ford Escort Ghia кој принцот Чарлс и го дал на Дијана како подарок за свршувачка, а кој минатата година беше продаден за 47.000 фунти.
„Продадовме многу автомобили кои имаа кралско педигре, но овој автомобил ги исполува сите рамки од историјата, ограничена понуда, состојба до километража. Пазарот ги сака раните модели на Ford RS“, вели Арвел Ричардс, специјалист за класични автомобили на Silverstone Auctions.
Повеќето членови на кралското семејство во тоа време се возеле во Bentley, Aston Martin и Jaguar. Купувачот на овој Escort е Британец.