Објавувајќи ги првите скици од надворешноста на концептниот автомобил Vision 7S, Škoda Auto всушност ги откри деталите за својот нов корпоративен дизајн. Цртежите даваат преглед на телото на студијата. Скиците покажуваат моќен SUV со впечатлив преден дел со фарови во форма на буквата Т.

Надворешните скици на целосно електричниот концептен автомобил Škoda Vision 7S покажуваат ново дизајниран, впечатлив преден дел. Значително пошироката и права решетка на Škoda е темна и затворена. Предните светла, кои се поместени кон работ на возилото, се наредени во два реда еден над друг, а остро дефинираната лента за дневна светлина над нив се протега странично до нагласените крила, проширувајќи го светлосниот кластер во форма на „Т“.

Капакот на моторот со остри контури ја истакнува добро познатата линија на Škoda. Впечатливиот, целосно редизајниран браник има седум вертикално распоредени отвори за воздух, а централниот има уметок во атрактивна портокалова боја. Долниот дел од браникот е опремен со алуминиумска заштитна шасија. Големите, аеродинамички оптимизирани тркала го нагласуваат силниот визуелен изглед на студијата Vision 7S. Страната е дефинирана со чисти површини и малку наведната линија на покривот кон задниот дел.

Новиот дизајнерски јазик на Škoda ги одразува добро познатите вредности на брендот, како што се робусноста, функционалноста и автентичноста, се тоа зачинето со пространа внатрешност, издржливите и одржливи материјали и аеродинамичната, ефикасна каросерија.