РКЕ: Од утре нови повисоки цени на бензините и дизелот
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 18.08.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,128 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,686 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,065% или за 0,600 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,069% или за 21,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,971% или за 19,150 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,557 или за 9,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,3464 ден/$ и е за околу 0,485 % повисок од курсот на доларот (60,0551 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.