Меѓународниот автомобилски салон во Женева за 2023 година е откажан „поради несигурност во глобалната економија и геополитика“, се вели во официјалното соопштение на организаторите

Првично беше планирано да се одржи во два дела – Женева во февруари и Доха, Катар во ноември, но шоуто сега е ограничено на вториот, деби во Изложбениот и конгресниот центар во Доха.

Настанот во Катар ќе се одржува на секои две години како дел од поврзувањето со катарскиот туризам.

Ова е четврта година по ред како се откажува салонот во Женева; настаните за 2022, 2021 и 2020 година беа откажани поради пандемијата со Ковид-19.

„Направивме се што можевме да обезбедиме да бидеме домаќини на салонот во Женева во февруари 2023 година. Подобрениот формат на настанот и проектот беа многу добро прифатени. Но, на крајот, ризиците ги надминаа можностите“, вели Морис Туретини, претседател на Постојаниот комитет на Меѓународниот автомобилски саем во Женева

„Во овие несигурни времиња, многу брендови не се во позиција да се посветат на изложба во Европа во зима. По евалуацијата на сите елементи, на фондацијата и стана јасно дека шоуто во 2023 година не може да се одржи во Женева како што беше планирано. За брендовите кои сакаа да учествуваат во Женева, фановите и верните посетители на нашето шоу во Женева, жалиме што моравме да одлучиме да го откажеме и ова издание, за 2023 година“, додава Сандро Мескуита, извршен директор на Меѓународниот автомобилски саем во Женева.