Придобивки при полнење на електрични автомобили: Tesla на своите корисници им нуди освежување во преносни базени!
Само четири лица можат да го делат базенот во исто време и не подолго од 10 минути
Една од причините зошто луѓето избегнуваат да купуваат електрично возило е долгото време на чекање за полнење на батеријата. Tesla го признава ова и сега инвестира во објекти околу своите станици за полнење. Никој не сака да чека автомобилот да се наполни, па Tesla почна креативно да размислува за времето поминато во таканаречените „Суперполначи“. Првите резултати почнаа да се појавуваат во Европа, поточно во Германија.
Tesla започнала партнерство со компанијата bk World за изградба на салони опремени со автоматизирани автомати за кафе, храна, пијалоци, тоалети, па дури и некоја електроника. Но, Tesla не застанува тука, па така во Хилден, Германија, има инсталирано и пренослив базен.
Според инструкциите објавени од Tesla, базенот би бил отворен од четврток до недела, во периодот до 28 август, од 14 до 19 часот. Само четири лица можат да го делат базенот во исто време и не подолго од 10 минути. Познавајќи ги Германците, многу е веројатно дека тие целосно ќе ги почитуваат правилата. Додека да го облечете костимот за капење, да се освежите малку, потоа да го пресоблечете и исушите, батеријата треба да биде целосно наполнета.