Кинеската компанија Geely го претстави кросоверот Icon во верзија Chocolate Edition, кој е наменет исклучиво за жени

Geely Icon беше претставен во 2020 година и е многу различен по својот дизајн од сите други автомобили на марката.

Моделот е придвижуван од 1.5-литарски турбо бензински мотор (177 КС) или хибриден систем со 181 КС. Менувачот е 6-брзински мануелен или 7-брзински автоматик со двојна спојка, а цената на стандардниот Geely Icon се движи од 14.645 до 19.370 евра).

Верзијата „Chocolate“ се разликува од останатите модели на Icon со малку поинаков изглед, со нови браници и фарови, како и различни бандажи. Најважно е што е обоена во светли бои – розова и сина. И покрај името, чоколадно кафена боја нема.

Сепак, таа е присутна во внатрешноста, која е изведена во нијансите Coffee Chocolate и Pure White Chocolate. Во кабината има и два големи екрани: 10,25-инчен екран ја заменува инструмент таблата, а таблетот од 12,3 инчи се наоѓа во центарот. Дополнително, Chocolate Edition има голем панорамски покрив со површина од 1,7 m².