Стилски крос-хеџбекот не е многу променет, барем на прв поглед, но вистината е малку поинаква

Семејството на модели кои на автомобилската сцена се појавуваат под името Kia Ceed уште пред една година помина низ процесот на ажурирање или ако повеќе сакате рестилизација, но тогаш крос-хечбекот XCeed доби само преку технички ажурирања. Со оглед на тоа дека овој модел со пет врати се појави подоцна од основниот адут на Корејците од компактната класа, логично е модернизацијата да дојде една година по оригиналниот модел. А моментот е токму сега. Kia по неколкуте најавни тизер слики и официјално го претстави рестилизираниот Kia XCeed за Европа.

Стилски крос-хеџбекот не е многу променет, барем на прв поглед, но вистината е малку поинаква. Имено, XCeed е единствениот член од семејството Ceed кој добива нови фарови во средината на својот животен циклус, како според содржината така и по нивната форма.

Посебните светла за магла повеќе не се достапни, а нивната функција е обликувана преку дејството на главните фарови, додека предниот браник е преобликуван. Нов изглед има и решетката на ладилникот, а мора да се напоменеме дека се вградени фелни со нов дизајн, додека на задниот дел е видлив и различен дифузер.

Паралелно со процесот на ажурирање, Kia XCeed за прв пат добива и поспортска модификација, GT-line, а најистакнатата карактеристика на спортскиот пакет доаѓа во форма на оригинални задни сигнални групи со матрикс структура. GT-line модификацијата има и модифицирани браници како и 18-инчни тркала.

Доаѓаме и до внатрешноста каде промените се минимални, исто како и кај другите модели од гамата на Ceed. Најпрво ја имаме новата графика на виртуелната инструментација која е имплементирана во поскапите верзии, а тука е и екранот на мултимедијалниот систем кој како и досега може да доаѓа со дијагонала од 8,0 или 10,25 инчи. Како дел од модернизацијата е и проширената функционалност на комплексот електронски асистенти на возачот.

Списокот на опрема е без промени. Во Европа Kia XCeed ќе се нуди со пет мотори – турбо-бензински мотори со ознака 1.0 T-GDi (120 КС), 1.5 T-GDi (160 КС) и 1.6 T-GDi со 204 КС, а тука се и турбодизелот 1.6 CRDI со 136 КС како и хибридот во кој главната улога ја има 1.6 GDI погонската единица. Нему му помага електричен мотор, па заедно развиваат 141 КС.

Бензинските и дизел моторите користат 6-степен мануелен менувач или 7-степен автоматик со двојна спојка. Спротивно на тоа, plug-in хибридот нуди шест-брзински преселективен роботизиран менувач и тракциона батерија со капацитет од 8,9 kWh што во превод значи 48 километри возење само на струја, барем така велат од Kia. Крос-хечбекот во пакетот опрема GT-line се продава само со најмоќниот турбо мотор 1.6 T-GDi.

Ажурираниот Kia XCeed во Европа доаѓа во септември.