Веќе некое време се зборуваше дека одредени карактеристики на возилата ќе се изнајмуваат, а некои производители тоа веќе и го прават

Откако Lynk&Co го разви концептот за користење возило преку месечна програма за изнајмување, сега се нуди слична услуга во однос на опремата за автомобилите. Идејата е сите автомобили да се произведуваат со сета опрема, а потоа да се вклучат одредени опции по желба на сопственикот, на месечно ниво. Така, сопственикот би платил претплата за поединечен елемент од опремата, исто како што, на пример, плаќа претплата за одредени ТВ програми или музички услуги.

BMW го понуди токму тоа. Во Кореја во рамките на Connected Drive Store се нуди можност за активирање на одредени опции, со плаќање на месечна претплата. Ако сопственикот на BMW сака греење на седиштата, тоа ќе го чини 1.100 денари месечно или нешто повеќе од 10.600 денари ако ја користи услугата цела година. Тригодишниот закуп изнесува нешто повеќе од 17.137 денари. За трајно користење на услугата за греење на седиштата, тоа чини скоро 25.000 денари

Истото важи и за греењето на воланот со почетна цена од околу 612 денари месечно, или околу 5.710 денари годишно. Закупот на три години е 9.790 денари, а купувањето во трајна сопственост е околу 13.464 денари. Списокот вклучува и голем број опции како што се безжично поврзување на Apple Car Play, напредни светла, безбедносни системи и услугата Driver Recorder.

И опцијата IconicSounds Sport, која овозможува звукот на спортски мотор да се генерира на звучниците, покажува дека дошле некои нови времиња. Ова задоволство порано беше бесплатно на моделите со 6-цилиндерски мотори, но сега чини 8.690 денари.

Со поширока комерцијализација, се зголемува веројатноста за хакирање на таквите услуги.