Трамваите Tatra најдоа пазар во бројни социјалистички земји, од поранешна Југославија до Северна Кореја

За време на Студената војна во Источниот блок се произведуваа многу работи, а посебна приказна беше трамвајот од поранешна Чехословачка. Малите трамваи на Tatra сега се враќаат на големо во германскиот град Дрезден, каде по долга пауза се најдоа на патиштата.

Имено, тие во поранешниот град на Источна Германија се употребувале до 2010 година, а потоа биле поставени на музејска патека. Сега, тие се вратени во сообраќај бидејќи бројот на линии во Дрезден е зголемен, а во моментов нема резервни делови за новите трамваи (конвертори на струја). Во градот моментално има четири трамваи на Tatra, а еден е во резерва.

Трамваите Tatra своевремено најдоа пазар во бројни социјалистички земји, од поранешна Југославија до Северна Кореја. Тие беа сигурни, но имаа еден недостаток. Имено, тие не беа практични за лица со инвалидитет, колички, постари патници…, како нископодните трамваи.