Дали се сеќавате на BlackBerry? Во бизнисот со паметни телефони не им одеше, но затоа бриљираат во автомобилите
QNX системот е инсталиран во дури 68 проценти од новите електрични автомобили, а го користат 24 од 25-те најголеми производители на електрични автомобили
BlackBerry повеќе не е главен играч во светот на мобилните телефони, но компанијата сè уште работи многу добро благодарение на автомобилите. BlackBerry Limited продолжува да произведува софтвер кој се користи во автомобилите, а деновиве објавија дека нивниот систем го користат повеќе од 215 милиони нови возила на патиштата. За само една година продадени се 20 милиони автомобили со нивниот BlackBerry QNX систем.
QNX е оперативен систем кој служи за поврзување на делови од „автомобилскиот хардвер“ и стои зад работата на многу неопходни компоненти на возилото, од модерен брзиномер до систем за следење на притисокот во гумите, но и најважните компоненти како електрониката за контрола на моторот.
QNX е инсталиран во дури 68 проценти од новите електрични автомобили, а го користат 24 од 25-те најголеми производители на електрични автомобили. Покрај тоа, се користи и во многу класични автомобили. Меѓу нивните клиенти се BMW, Toyota, Mercedes, Honda…
Системот е развиен уште во 80-тите, но неговата имплементација во автомобилите не одела така лесно. Во 2013 година го користеа само 6 милиони автомобили. Големата побарувачка во последната деценија се должи на тоа што многу производители се свртуваат кон надворешни решенија наместо да развиваат свои. Така има се повеќе и повеќе автомобили со инфозабавен систем кој се базира на специјална верзија на Android.