Седанот Ioniq 6 добил импресивна аеродинамика и вселенски салон

Корејскиот производител Hyundai конечно го покажа својот Ioniq 6, електричен модел со кој има намера пазарно да се спротивстави на Tesla Model 3. Техничките спецификации на моделот ќе бидат откриени на 14 јули, а сега детално е прикажан само изгледот на електричниот седан.

Претходно, Hyundai возилото го нарече „електрифицирана рационализација“ во однос на неговиот изглед. Врската помеѓу дизајнот и претходниот концепт Prophecy е јасна, но засега нема информации за коефициентот на отпор на моделот за да се разбере колку е тој навистина аеродинамичен.

Предниот дел на седанот има чист, минималистички стил. Капакот е мазен, а подигнатите секции за фаровите водат до А-столбовите. Надворешните ретровизори се заменети со камери, а тркалата имаат краци со комплексен, асиметричен дизајн. Задниот дел е нагласено спортски, при што светлата имаат квадратни елементи налик на пиксели кои даваат ретро-футуристичка естетика на дизајнот. На дното има пар вертикални елементи со црвени и бели рефлектори во мали квадратни елементи кои одговараат на другите задни светла.

Hyundai не дава никакви технички детали за внатрешноста, но доволен е поглед на фотографиите. Посебните прикази за дигиталната инструмент табла и инфозабавниот систем делат еден панел. Предната табла странично се искривува за да направи простор за дисплеите што прикажуваат слика од надворешните камери.

На панелот под таблата има сет на копчиња за контролирање на системот HVAC. На воланот со два крака со копчиња, а во средината има четири квадратни светла и не се знае дали се украсни или извршуваат некоја функција. Фотографиите од кабината јасно упатуваат дека ќе биде можна широка персонализација по сопствен вкус во однос на амбиенталното осветлување.

Што се однесува до техничкиот дел, Ioniq 6 е изграден на платформата E-GMP, која се користи и од моделите Ioniq 5 и Kia EV6. Се известува дека седанот ќе биде достапен со батерија со капацитет од 77,4 kW/h. Верзијата со два електромотори ќе развива околу 300 КС, но ќе има и со еден мотор.