По вчерашната, нова шок терапија за граѓаните: Нов пораст на цените на горивата!
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 31.05.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 107,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 97,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,584% или за 57,850 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 4,856% или за 54,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 4,514 % или за 49,050 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,099% или за 7,250 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,6619 ден/$ и е за околу 0,467% понизок од курсот на доларот (57,9326 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.