Доволно е да се посведочи на стартувањето на моторот и да стане јасно зошто Bolide е ѕвер кој не треба да се пушта вон тркачка патека. 

Првиот хиперспортски тркачки автомобил на Bugatti ја користи базата на Chiron со истиот W16 мотор, но модификациите се во најблага форма кажано обемни. На крајот на краиштата, речиси двојно повисоката цена и не беше пречка за пронаоѓање купувачи. Сите 40 примероци кои компанијата ќе ги произведе се скоро сигурно веќе распродадени, по цена која започнува од околу 4 милиони евра.

Првите испораки се очекуваат дури во 2024 година, но прототипот веќе е пуштен во јавноста. Тој пристигна на неодамна одржаниот Concorso d’Eleganza во Вила Д’Есте..

Ако мислевте дека Chiron звучи брутално, како да се опише Bolide опремен со нов издувен систем. Без сомнение, на овој автомобил местото му е на тркачка патека каде среќниците кои ќе седат зад воланот ќе може да управуваат и да скротат 1.600 КС моќна машина создадена за брзина.