Vision AMG е патоказ како би можело да изгледа електрификацијата во Mercedes-AMG, а притоа да остане доследен на естетиката на брендот

Веднаш по објавувањето на плановите за големи инвестиции и фокусирањето на моделите од високата класа, Mercedes го претстави концептот Vision AMG кој дава увид во претстојниот електричен седан со високи перформанси.

Студијата се заснова на наменската архитектура AMG.EA на Mercedes за целосно електричните AMG модели кои во моментов се развиваат, со првиот сериски автомобил кој на пазарот ќе се појави во 2025 година.

„Vision AMG во спектакуларен стил покажува како би можело да изгледа електрификацијата во Mercedes-AMG, а притоа да остане доследен на естетиката на брендот“, вели Филип Шимер, извршен директор на Mercedes-AMG. „Екстремните пропорции на студијата создаваат фасцинација и страст за перформанси – тоа е она што е AMG“.

Според Autocar, AMG всушност има намера да го пушти автомобилот (или негов дериват) во производство со четири врати без средишни столбови и врата како би бил вистински гран-турер. Во производство би можеле да влезат и задните светла во стилот на издувни цевки.

Со должина од 5.100 mm, концептот е малку подолг од Mercedes-AMG GT 4Matic со 4 врати и 147 mm подолг од Porsche Taycan. Оваа големина е важна затоа што ќе обезбеди и доволен внатрешен волумен и значителен пакет батерии кои би биле поставени во подот, помеѓу оските, а сепак е значително понизок од EQS.

Пониската висина му дава на Vision AMG неколку аеродинамични предности. Дури и Mercedes-AMG признава дека обликот на солза го прави да изгледа како Vision EQXX и исто како тој автомобил, и овој ќе добие активна аеродинамика.

Автомобилот добива и широки лакови на тркалата, а во сребрена Alubeam боја инспирацијата ја црпи од болидите на Mercedes во Formula 1. 22-инчните тркала со аеро-облогa потсетуваат на оние што се гледаат на Project ONE.

Mercedes допрва треба да открие податоци за моќноста на Vision AMG и тешко е воопшто да се шпекулира со оглед на тоа дека, како што вели производителот, погонската единица е работена од нула. Не само што платформата AMG.EA ќе биде нова, туку и технологијата за високонапонска батерија и погон со високи перформанси ќе бидат нови.

По Vision AMG, германскиот премиум производител вели дека ќе произведува повеќе возила на платформата AMG.EA. 

„Ние не развиваме нови платформи за само еден модел“, вели Роберт Лешник, шеф за надворешен дизајн на Mercedes-Benz.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1-1TELVu5_MNXMIxHSkLwhOgfseoRHm8Q” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]