Наместо дупки на предниот браник, Калифорнија ќе им овозможи на жителите да залепат налепница за предната регистарска табличка

Многу возачи сметаат дека нивните предни регистарски таблички го уништуваат изгледот на нивните автомобили. Можеби е време да се преселат во Калифорнија бидејќи таа американска сојузна држава сега нуди иновативна алтернатива за металните предни регистарски таблички. Наместо дупки на предниот браник, Калифорнија ќе им овозможи на жителите да залепат налепница за предната регистарска табличка.

Во САД, правилата за предните регистарски таблички ги поставуваат самите држави. Вкупно 31 од 50 сојузни држави на САД бараат употреба на предна регистарска табличка.

Концептот на етикета за регистарска ознака во Калифорнија постои од 2013 година, кога Калифорнија го има издадено Сенаторскиот акт бр. 806, нарачан од Одделот за моторни возила во Калифорнија за да ги истражи алтернативите за предните регистарски таблички. Во поглавјето 569 од законот експлицитно се вели: 

„Овој предлог-закон ќе го овласти одделот да воспостави програма, која треба да се заврши најдоцна до 1 јануари 2017 година, за проценка на употребата на алтернативни ознаки“.

Калифорниската компанија со седиште во Хантингтон Бич, License Plate Wraps (LPW), понудила идеја за налепници за регистарски таблички, која е тестирана на 28 возила користени полицијата во Калифорнија од 2015 година. Откако поминал почетниот тест, пилот програмата е понудена на жителите на Калифорнија, а неодамна и продолжена до 2023 година.

За да ја добијат својата налепница за регистарска ознака, жителите на Калифорнија едноставно одат на веб-страницата на LPW и ги поднесуваат информациите за нивните регистарски таблички.

Клиентите можат да изберат од 8 различни дизајни кои вклучуваат многу елементи, како знаци за инвалиди и слично. Не се сомневаме дека оваа иновација најмногу ќе ги воодушеви сопствениците на спортски автомобили, бидејќи за многумина, поради предниот аеродинамичен крај, понекогаш едноставно нема простор или изгледа навистина лошо …