Од утре бензините поскапи, дизелот поевтин!
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.05.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,258 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 52,436 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,334% или за 15,550 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 1,840% или за 20,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,559 % или за 16,850 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,96% или за 6,000 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,5972 ден/$ и е за околу 0,307% повисок од курсот на доларот (58,4176 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.