Започна производството на Aston Martin DBX707. Најмоќниот слуксузен SUV пристигнува во 50 земји
Моделот DBX707 е рачна изработка, а Aston Martin има ангажирано повеќе од 100 квалификувани автомобилски техничари да работат на овој супер SUV модел.
Најмоќниот член на семејството Aston Martin DBX влезе во производство. DBX707 ќе се симнува од фабричките ленти во С. Атан, Велс, каде ќе се произведуваат сите варијанти на овој супер-SUV. Првиот примерок сега и официјално е подготвен за испорака до новиот сопственик.
DBX707 беше официјално претставен во февруари оваа година кога се најде на многу насловни страници со своето неверојатно забрзување од 0-100 km/h за само 3,1 секунди. Неговото име доаѓа од метричката бројка на коњските сили, што во превод значи 707 КС кои доаѓаат од изменетата верзија на 4.0-литарскиот твин-турбо V8 на Mercedes-AMG сместен под хаубата.
Моделот DBX707 е рачна изработка, а Aston Martin има ангажирано повеќе од 100 квалификувани автомобилски техничари да работат на изведбата на теренецот. Кога обичниот DBX пристигна на монтажните ленти во Св. Атан, тој стана првиот сериски автомобил од велшко производство по речиси 50 години. Најновиот додаток на SUV линијата ќе биде испорачан во повеќе од 50 земји ширум светот.
„Aston Martin е неизмерно горд што произведува водечки производи во индустријата, како што е DBX707 од погонот со светска класа во Велс, и ние сме воодушевени што го гледаме комплетиран првиот модел“, вели Мајкл Страган, извршен директор на Aston Martin.
Британскиот производител на автомобили со гордост вели дека првичната реакција на клиентите и медиумите била „огромна“. Ова е импресивно со оглед на тоа што почетната цена на DBX707 во Обединетото Кралство е 189.000 фунти. Се очекува многу брзо да бидат испорачани првите примероци.
DBX707, сепак, е многу повеќе од само надграден мотор. Има и нов 9-степен менувач со влажна спојка, модифициран заден e-diff со пократок завршен погон 3:27 за подобро забрзување. Погонот на сите тркала сè уште го користи истиот автоматски систем како и обичниот DBX, иако различните поставки обезбедуваат подобра тракција во свиоците. Последно, но не и најмалку важно, 16,5-инчните карбон-керамички диск сопирачки напред и 15,4-инчни назад, затегнати со клешти со шест клипови, обезбедуваат подобра моќ на запирање.