Однадвор изгледа како типичeн Escalade, ако се занемарат силно затемнетите стакла, спуштениот став и дополнителни светла на решетката

Cadillac Escalade е вообичаен избор за луѓе од висок профил на кои често им е потребна дополнителна заштита додека се на пат. Затоа, AddArmor го трансформирал теренецот во блиндиран модел B6 кој нуди безбедност на ниво на банка и дополнителни луксузни карактеристики благодарение на обемните модификации.

„Пакетот за целосна заштита“, како што се нарекува, вклучува лесна балистичка заштита B6 AR 500 за секој внатрешен панел, што одговара на оклопно стакло од Б6 класа на сите прозорци. Дополнителните слоеви го прават Escalade отпорен на камења, куршуми и други предмети. Однадвор изгледа како типичeн Escalade, ако се занемарат силно затемнетите стакла, спуштениот став и дополнителни светла на решетката.

Доаѓа и опремен со сирена систем P1 кој му помага на возачот да ја „растури толпата“, додека run-flat гумите обезбедуваат Escalade да остане во возна состојба во секое време. Сите овие додатоци значат дека патниците во AddArmour Escalade ќе имаат сериозен слој на заштита од киднапери или од кој било со лоши намери.

Покрај балистичката заштита, компанијата ја надградила и внатрешноста за да обезбеди уште полуксузно искуство. Врвот се двете капетански седишта за задните патници кои доаѓаат со функции за греење, ладење и масажа. Патничкиот простор е одделен од возачот и има две дополнителни седишта на спуштање доколку сакате да сместите дополнителни луѓе.

Целата кабина е обложена со висококвалитетна кожа во комбинација со Алкантара антилоп облога и детали од тврдо дрво. Техничките карактеристики вклучуваат паметен телевизор Samsung интегриран во средниот ѕид, врвен аудио систем од Sony и таблети за потребите на инфо-забавниот систем.

Патниците имаат пристап до маси на преклопување, завеси за прозорците за дополнителна приватност, сончев покрив и двозонска контрола на климата. Меѓутоа, ако барате багажен простор, ова веројатно не е вистинското возило за вас бидејќи багажникот е прилично мал поради додавањето на дополнителна блиндирана задна врата, што ја прави кабината да изгледа како трезор.

Доколку веќе поседувате Escalade и сакате слично ниво на заштита и луксуз, цената на гореспоменатите модификации е 75.000 долари. За кое било друго возило, почетните заштитни пакети на AddArmour започнуваат од 32.500 американси долари.