„Познавам многу многу богати луѓе, но никој од нив не е среќен.

Со победата против Дилијан Вајт, Тајсон Фјури ја одбрани титулата шампион во тешка категорија, во верзијата WBC, по што најави повлекување. Неговиот промотор успеа да организира борба со рекордно висок влог од 30 милиони фунти, со распределба на парите 80:20 во корист на неговиот штитеник

Без разлика на исходот на мечот, на Фјури му беа загарантирани 21,5 милиони фунти, а добил и дополнителни три за победата. Сепак, тој ги изненади сите со објавата дека вози Volkswagen Passat од 2007 година.

„Немав ништо. За мене не е се во парите. Возам Passat од 2007 година. Не ми е гајле што имам. Познавам многу многу богати луѓе, но никој од нив не е среќен“, вели Фјури.

„Парите не ве прават среќни. Дури ни појасите или наследството не ми се важни. Ништо не ми е поважно од тоа да го удрам противникот за време на борба. Сакам само да победувам, без разлика на парите. Одлично е да си платен за тоа што го работиш. Уживам во боксот, добар сум во тоа и сум платен за тоа“, вели тој.

„Можам да завршам како потстанар во секое време. Дали тоа би ме променило како личност? Дали ми треба вила или Rolls-Royce? Тоа не ме прави маж“, заклучува Фјури.