Зборот награди е во наводници затоа што ова не е нешто со што би можеле да се гордеете, напротив може да бидете засрамени пред милионски аудиториум

Интелектуалната сопственост некои производители ги погодува исто колку и нас моменталната временска состојба на Хаваи. Се зема нешто туѓо, се копира, а потоа и продава. Колку лажни Ray Ban очила или Rolex има во светот, а кои некогаш можеа да се купат за десет долари во некои азиски земји? Денес веројатно е тешко да се дојде до таа цена бидејќи инфлацијата влијае и на репликите.

Plagiarus е „награда“ што ја доделува германското здружение Aktion Plagiarus. Зборот награди е во наводници затоа што ова не е нешто со што би можеле да се гордеете, напротив може да бидете засрамен пред милионски аудиториум. „Наградата“ се доделува на особено интересен или опасен плагијат, а во конкуренција на автомобилската индустрија победничкиот плагијат оваа година се бандажите за возилата Volkswagen, произведени од италијанската компанија Murama од Торино.

Се разбира, Volkswagen не дал дозвола на Murama за производство со своето лого, а особено не за продажба по цена за 75 отсто пониска од оригиналната. Наводно изборот на материјалите е многу полош, бандажите пукаат, а поради сето тоа Volkswagen ја тужел компанијата Murama. На сликата, лево е оригиналот, а десно копијата.

Колку опасно може да биде копирањето покажува и примерот со манометри. Оригиналот е производство на WIKA Alexander Wiegand SE & Co. KG, од Клингенберг, Германија, a копијата (десно), ја дистрибуира Abdullah Corporation од Даку, Бангладеш. Дизајнот на страна, но стручни служби открија дека копираниот манометар не покажува точни вредности кои, секако може да бидат доста опасни. Инаку, копијата е уште по „верна“ од оригиналот затоа што на неа пишува Made in Germany!