Пристигнува во 2024 година: Новата Tesla нема да има ниту волан, ниту педали за гас и сопирачки
Возењето со роботизираното такси на Tesla ќе биде поевтино од автобускиот и железничкиот превоз
На состанокот со акционерите на компанијата, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објавил дека новата Tesla нема да има ниту волан, ниту педали за гас и сопирачки.
Маск рекол дека компанијата планира да започне со масовно производство на самоуправувачки такси возила во 2024 година со кои возењето ќе биде поевтино отколку со градски автобус.
„Автомобилот ќе биде високо оптимизиран за автономно возење – што значи дека нема да има волан или педали. Гледајќи ги нашите проекции, се чини дека возењето со роботизирано такси ќе чини помалку од автобуски билет, субвенциониран автобуски билет или билет за метро. Мислам дека роботизирното такси ќе биде многу моќен производ и одличен двигател на новиот раст на Tesla“, вели Маск.
Според извештаите на медиумите, Tesla забележала рекорден профит во првиот квартал од 2022 година. Компанијата зарботила 3,3 милијарди долари (2,5 милијарди фунти) во првите три месеци од оваа година, откако испорачала повеќе од 310.000 автомобили до своите клиенти.