Макрон и Ле Пен шокирани од висината на платата на Таварес, првиот човек на Stellantis
„Извршните директори на производителите на автомобили немаат ни грам образ“!
Францускиот претседател Емануел Макрон, како и неговата десничарска ривалка на претстојните избори, Марин Ле Пен, ги нарекоа „шокантни“ личните приходи на извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес. Инаку, една од горливите теми на претседателските избори во оваа земја, стана онаа поврзана со астрономските заработки што ги остваруваат извршните директори во моќните компании.
Анкетите кои ја покажуваат популарноста на двајцата претседателски кандидати во втората најсилна економија во Европа, спроведени на само девет дена до гласањето, покажуваат дека актуелниот француски претседател Макрон има само минимална предност во однос на противникот, со можност за грешки во обработката на податоците.
Но темата овде не се анкетните резултати на кандидатите за претстедател на Франција туку бурата која се крена откако се откри личниот доход на извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, за 2021 година, а кој изнесувал околу 19 милиони евра. Но, иако оваа сума е сама по себе голема, на неа треба да се додаде и вредноста на акциите на компанијата кои ги добил извршниот директор, чија вредност е 32 милиони евра, како и долгорочните надокнади во вредност од околу 25 милиони евра.
„Зборуваме за некои астрономски износи на ова место… Максималниот приход на поединците треба да се ограничи, тоа можеме да го направиме ако му пристапиме на проблемот на европско ниво“, вели Макрон.
„Не можеме да дозволиме луѓето да ги гледаат овие бројки сè додека имаат проблем да си ги дозволат основните работи и се полни со негативен набој за покривање на сите животни трошоци“, вели Макрон, додавајќи дека во спротивно „Општеството едноставно ќе експлодира“.
На сето ова реакција има и од Ле Пен.
„Секако дека е шокантно. Уште позачудувачки е кога станува збор за извршен директор кој ја вовел компанијата во проблеми и добил значителни суми за тоа“, вели Ле Пен, истакнувајќи дека еден од начините за надминување на овој проблем може да се најде и во плаќање на вработените во форма на учество во капиталот на компанијата – работодавачот.
Stellantis одбива да ги коментира ставовите на политичарите, велејќи дека Таварес е тој што ја пренел компанијата од пред банкрот до лидерство на пазарот. Се додава дека Stellantis им плаќал на вработените колку и na акционерите, односно сума од 1,9 милијарди евра, а се наведува дека платата на Тавареs е 90% променлива во зависност од работата на компанијата и пониска од онаа типична за извршните директори на ривалските производители, како на пример general Motors и Ford.
Нешто повеќе од 52% од учесниците со право на глас на Собранието на акционери на Stellantis минатата недела гласаа против пакетот за компензација за извршниот директор на компанијата, како дел од консултативното гласање.