Министрите на ЕУ наскоро ќе најават нови мерки за безбедност во сообраќајот, од кои некои ќе ја намалуваат моќноста на моторот доколку возачите надминат одредена брзина

Според извештајот, сите нови автомобили треба да бидат опремени со ограничувачи на брзината, со цел да се усогласат со новите прописи на Европската унија. Министрите наскоро ќе најават голем број нови мерки за безбедност на возилата, од кои некои ќе ја намалуваат моќноста на моторот доколку возачите надминат одредена брзина, пишува Daily Telegraph.

Технологијата, наречена „интелигентна помош за брзина“, зависи од GPS-следењето и камерите во возилото, а претставниците на ЕУ претходно ја опишаа како „голем чекор напред“ во однос на безбедноста на патиштата. Британскиот пратеник Крег Мекинлеј, кој е претседател на парламентарната група Fiar Fuel UK Motorists and Hauliers, вели дека предлозите звучат „многу конзервативно“.

„Ова целосно ќе го уништи пазарот на луксузни автомобили и мислам дека толку многу аспекти од кампањата против возачите сега ќе дојдат до израз“, вели тој. „Ова е само уште еден „Голем брат“ (Big Вrother) во кокпитот. Ќе видиме повеќе од ова ако тргнеме во насока на цените на патиштата. Мислам дека луѓето не размислувале за аспектите на слободата на сето ова. Звучи „многу неконзервативно“.

Некои производители како Ford и Citroen веќе почнаа да користат технологија за ограничување на брзината во своите возила. Едмунд Кинг, претседател на АА, вели дека ограничувањата на брзината на патиштата треба да бидат многу прецизни на дигиталниот систем за да се осигура дека нема да има проблеми. 

„Границите на брзината мора да бидат целосно прецизни бидејќи автомобилот реагира на ограничувањето на брзината. Ако имате погрешно ограничување на брзината во дигиталниот систем, тоа може да ве забави на погрешна брзина или да ви овозможи да забрзате до погрешна брзина“.

Министерството за транспорт (DfT) соопшти дека не се донесени одлуки за тоа кои безбедносни прописи во Велика Британија ќе се следат. Портпаролот додава: 

„Заминувањето на Велика Британија од ЕУ ни обезбедува платформа да ги искористиме нашите регулаторни слободи“.