Има и такви: Заработуваат со пријавување возачи кои ги оставаат возилата да работат во празен од!
Според NBC News, граѓаните на Њујорк формирале група од околу шеесетина луѓе наречена Idle Warriors, чија работа е да крстарат низ градот и да бараат возила кои го загадуваат воздухот
Некои работни места не бараат многу труд и стрес, а се добро платени. Потребно е само да се има мобилен телефон и добри чевли. Њујорчани заработуваат така што ги снимаат и пријавуваат возилата за испорака кои стојат покрај патот и работат во празен од, а исплатата е далеку од симболична.
Граѓанската програма Citizen’s Air Complaint е започната уште во 2019 година и преку неа се казнуваат возачите на комерцијални возила оставени да работат во празен од. На оние кои ќе ги пријават им е овозможена провизија од 25% од износот на казната. Сопствениците на возила може да бидат казнети со 350 долари или повеќе, што значи исплатата за оние кои ќе прајават е најмалку 87,50 долари.
Сè што треба да се направи е да се сними триминутно видео од возилото кое работи во празен од, истото да се постави на веб-страницата на Градското одделение за животна средина и да се чека чекот за исплата да биде пратен по пошта. Доколку возилата се во близина на училишта, доволно е снимање на само едноминутно видео.
Според NBC News, граѓаните на Њујорк формирале група од околу шеесетина луѓе наречена Idle Warriors, чија работа е да крстарат низ градот и да бараат возила кои го загадуваат воздухот.
Извесен, Доналд Блер, јавно се пофалил дека досега заработил 125.000 долари од фаќање неодговорни возачи. Најголеми престапници се возилата на Amazon, UPS…