Новиот Huracan Tecnica располага со 5.2 V10 мотор со 640 КС и погон на задните тркала / ФОТО+ВИДЕО
Четиринаесеттата верзија на Huracan ги комбинира техничките карактеристики на неколку модели како и стилските елементи на најретките Lamborghini модели
Lamborghini претстави специјална верзија Huracan Tecnica која ги комбинира карактеристиките на варијантата EVO со погон на задните тркала и STO варијантата со големо задно крило, а дизајниран е да им обезбеди на сопствениците супериорна забава зад воланот, како на пат, така и на тркачка патека.
Иако Tecnica е базиран на основниот модел EVO со погон на задните тркала, тој доаѓа со куп опрема што инаку ја има само во поскапите Huracan верзии. Така, наместо атмосферскиот 5.2-литарски V10 мотор од 610 КС и 560 Nm, Tecnica зад двете седишта има вградена верзија на V10 мотор од 640 КС и 565 Nm од верзијата STO за кој Lamborghini вели дека е подобрен и со поостар звук при високи вртежи.
Покрај тоа што ја делат истата моќ, Tecnica и STO имаат сосема поинаков изглед и Tecnica изгледа прилично питом дизајнирана со некои значајни визуелни промени позајмени од некои од најекстремните понови хиперавтомобили на Lamborghini од ограничена серија.
Напред е новиот браник во облик на Y сместен под секое предно светло инспириран од хиперавтомобилот Sian и концептот Terzo Millennio. Обликот на страничното стакло е суптилно дотерано за да го имитира изгледот на Essenze SCV12, а новите Damiso 20-инчни тркала се инспирирани од Vision GT.
Сепак, најголемата промена е во задниот дел: Tecnica добила лесен капак на моторот од карбонски влакна и вертикално задно стакло. Има и две нови шестоаголни издувни цевки, нов браник и заден дифузор кој, како и покривот, може да биде обоен во боја на каросеријата или црна, плус мал фиксиран заден спојлер.
Тој заден спојлер изгледа значително помал од огромното крило на моделот STO, но Lamborghini тврди дека придонесува со 35 отсто за подобрување на задниот потисок во споредба со моделот EVO RWD, а е компатибилен со аеродинамичните карактеристики како новиот преден сплитер и шасија за да се намали отпорот на воздухот за 20 проценти.
Тежината е исто така помала во споредба со EVO RWD (1.389 kg) делумно благодарение на капакот од лесен карбон, а Lamborghini наведува за Tecnica сува тежина од само 1.379 kg.
Подобро е и забрзувањето од 0 до 100 km/h, од 3,3 секунди на 3,2 секунди (ЅTO за 3 секунди), а за подобро возење во кривини и маневрирање има контрола на задната оска, векторирање на вртежниот момент, карбон-керамички сопирачки. со отвори за ладење на каросеријата и интегриран контролен систем LDVI (Lamborghini Dinamica Veicolo Integrata) од Huracan со погон на сите тркала.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1qrJEHs743NZdKBjOJwVq3jBRXP2orF3T” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
На барање на сопствениците кои се повеќе ориентирани кон тркачка патека, фабриката нуди лесни панели на вратите и тркачки ремени од списокот на опции. Цените се уште не се познати, а првите испораки се очекуваат на крајот на оваа година …