Пред само три недели беше отворена првата европска, таканаречена Гигафабрика во Берлин, а сега Tesla има нова причина за славење 

Комплексот Giga Texas го нарекуваат уште и Gigafactory 5, иако реално е само четврта фабрика под раководство на компанијата, односно втора во матичната земја. Меѓутоа, ако се анализираат сите компании кои работат во рамките на групацијата наречена Tesla, тогаш ова е шеста по ред.

Неколку американски држави се бореа да бидат домаќини на новата фабрика на Tesla, но во јули 2020 година, компанијата објави дека го избрала Тексас, како сојузна држава во Америка со најдобри деловни услови. Веднаш се започна со конструкција на градежните објекти во близина на градот Остин, а првиот тестен електричен автомобил од производните ленти излезе во август 2021 година.

Следните месеци беа потрошени за да се унапреди развојот на технолошките процеси, како и за сертификацијата на постројките и прилагодување на соработката со добавувачите. Самата фабрика ја чини Tesla околу милијарда евра, а комплексот поседува одделенија за заварување, бојадисување и монтажа, но и за производство на тракциони батерии. Дополнително, седиштето на компанијата е преместено од Силиконската долина во Остин.

Илон Маск цени дека новата фабрики (Giga Texas) е онаа која е способна да обезбеди најголема продуктивност во Америка, во споредба со сите други фабрики за автомобили. Веќе во првата фаза на работа, фабриката може да исфрли до половина милион електрични кросовери со ознаката Tesla Model Y на годишно ниво. Ова значи дека годишниот производствен капацитет на брендот Tesla веќе пораснал на два милиони возила.

Производството на Model Y е веќе започнато, а треба да се напомене дека возилата од Тексас се првите кои добиваат нов пакет батерии со 4680 ќелии, што станува основа за сите идни модели на компанијата. Се наведува дека ваквите батерии имаат половина производна цена од претходните единици, со истовремено зголемување на капацитетот за 16% и намалено ниво на греење. Сепак, обемот на производство на новите батериски ќелии е сè уште скромен, така што за сега само теренецот Tesla Model Y со стандарден опсег и во верзија AWD, со капацитет на батеријата од 68 kWh и декларирана автономија од 450 километри, ќе излегува од производствените линии. Варијантата со долг дострел нуди батерија од 82 kWh и ќе биде достапна подоцна.

За време на фестивалот организиран во чест на отворањето на фабриката (Cyber Rodeo), извршниот директор на Tesla, Илон Маск најави неколку важни работи. Веќе во текот на 2023 година оваа фабрика ќе се прошири, па ќе почне да ги склопува одамна ветените спортски автомобили со ознаката Tesla Roadster. Потоа ќе следи монтажа на пикапот Tesla Cybertruck како и на камионот Tesla Semi. На настанот е изведена првата јавна демонстрација на скоро сериската верзија на Cybertruckа, а првите примероци се веќе забележани претходно оваа година.

Верзијата на електричниот пикап подготвен за масовно склопување речиси целосно ги носи истите работи што се гледаат на прототипот, кој беше претставен во ноември 2019 година. Новиот електричен автомобил добил потрадиционални тркала, додека браникот со поизразени лакови над тркалата станал поголем. Во исто време се појавија ретровизори, како и инсталиран голем бришач за да го опслужува предното ветробранско стакло. Дополнително, речиси незабележливи дополнителни фарови се поставени над предниот браник.

Контроверзниот Маск има намера да произведува и хуманоидни роботи под името Optimus во фабрика во Тексас. Развојот, односно лансирањето на овој проект беше најавен за претходното лето, додека првите работни примероци се очекуваат оваа година. Конечно, Tesla развива роботизирано такси, целосно беспилотно електрично возило кое навистина изгледа футуристички.

Инаку, повеќе од 60.000 електрични возила на Tesla со бета верзија на автоматскиот пилот FSD (Full Self-Driving) веќе крстосуваат на американската патна инфраструктура.