Многумина возат бавно затоа што не се сигурни во своите возачки способности, а некои го прават тоа затоа што го натовариле возилото или пак влечат приколка. За жал, некои од нив стануваат дел од статистиката која вели дека возачите кои возат под дозволената брзина сносат дел од одговорноста за се повеќе несреќи!

Британското Министерство за транспорт води секакви статистики, а една од нив е за возачи кои возат далеку под дозволената брзина. Констатирано е дека лани поради побавни возачи загинале и тешко биле повредени 26 учесници во сообраќајот. Имено, ваквото однесување ги поттикнува другите возачи да претекнуваат во ситуации кога е опасно, да не го почитуваат безбедното растојание и да прават други опасни работи во сообраќајот.

Многу сообраќајни експерти се согласуваат дека возењето премногу бавно создава фрустрации за другите возачи и може да ги поттикне на опасни дејствија. Многумина возат бавно затоа што не се сигурни во своите возачки способности, а некои го прават тоа затоа што го натовариле возилото или пак влечат приколка.

Во секој случај, почитувајте ги ограничувањата на брзината и ако зад вас се формира колона затоа што поради некоја причина возите бавно, искористете ја првата можност кога е безбедно да се тргнете на страна и да ги пропуштите другите. Секако, има неспоредливо повеќе сообраќајни незгоди поради брзо возење, но и бавното возење предизвикува фрустрација кај останатите возачи – особено кај оние кои треба да стигнат некаде на време.