Јапонскиот хечбек GR доаѓа со 300 коњски сили и погон на сите тркала

Повеќе од две години кружат гласини дека Gazoo Racing одделот на Toyota ќе лансира спортски автомобил за да им конкурира на моделите во класата на VW Golf R. Минатата есен, јапонскиот производител започна рекламна кампања за моделот, која сега и официјално е претставен.

Очекувано, „hot hatch“ моделот е со погон на сите тркала, дизајниран првенствено за американскиот пазар, но технички сличен на моделот Yaris GR кој се продава во Јапонија и Европа. Како и „жешкиот“ Yaris, спортската Corolla е дизајнирана со идејата за рели трки и е произведена во истата фабрика во Мотомачи, при што двата модели споделуваат многу делови.

Агрегатот – 1,6-литарски G16E-GTS, кој досега важеше за најмоќниот турбо мотор во светот, веќе развива 300 КС. (кај Yaris GR – 272). Максималната моќност се постигнува при 6.500 вртежи во минута. Ограничувањето на вртежниот момент е 370 Nm, како и во јапонската верзија на Yaris GR (во европската е 10 Nm помалку), достапно во опсег од 3.000 до 5.500 вртежи во минута.

Инженерите на Toyota од Yaris го презеле и 6-брзинскиот мануелен менувач и системот за погон на сите тркала GR-Four со три режими – 60:40 за дневно возење, 30:70 за задоволство при возење на кривулести патишта и 50:50 за брзо возење. Како опција ќе бидат достапни механички самоблокирачки диференцијали на двете оски. Динамичките карактеристики на Toyota Corolla GR се уште не се откриени.

Како и Yaris GR, новата Corolla GR има поцврста каросерија од „цивилниот модел“, со значително зголемување на бројот на точки за заварување и спојки за лепење. „Hot hatch“ напред се потпира на Мекферсон, а двојни лостови позади, што комбинација со погон на четири тркала обезбедува максимално маневрирање и стабилност. Некои од деталите се направени од алуминиум, со што се намалува тежината.

Визуелно, Toyota Corolla GR се издвојува со оригиналните браници, зголемени калници (предните со вентилација), спојлер на покривот, троен издувен систем, 18-инчни алуминиумски тркала со широки гуми Michelin Pilot Sport 4 235/40 R18.

Стандардната верзија на моделот наречена Core ќе биде пуштена во продажба кон крајот на оваа година. Toyota ќе лансира и ограничено издание Corolla GR Circuit Edition, кое ќе се појави на пазарот во 2023. Ќе добие вентилирана хауба, покрив од карбонски влакна, поголем заден спојлер во контрастна боја, црвени клешти на сопирачките и спортски седишта од велур наместо ткаенина.

Основната опрема во овој случај ќе вклучува блокажа на диференцијал и првокласен систем за озвучување, кои во Core верзијата ќе бидат достапни како дополнителни опции.