Што се е познато за следната генерација на Mercedes E-класата?
За разлика од претходникот кој беше достапен и во купе и кабриолет варијанта, новата Е-класа доаѓа исклучиво како седан и караван
2024 Mercedes-Benz S-Class (дигитален рендер)
Mercedes-Benz E-Class отсекогаш бил еден од најважните играчи во премиум средната класа и со генерации „основен“ модел на марката. Затоа, и покрај воведувањето на целосно електричниот EQE со слична големина, Mercedes ќе претстави уште една генерација на „обичната“ E-класа пред претстојната забрана за мотори со внатрешно согорување. Новата Е-класа се очекува да пристигне следната година, а еве што се знае за неа до сега.
2024 Mercedes-Benz S-Class (дигитален рендер)
Прототиповите беа видени во декември минатата година, покажувајќи еволутивен пристап но со слични пропорции. Целосно LED фаровите ќе бидат потенки со поиздолжена форма, а решетката на ладилникот усвојува побалансиран изглед помеѓу спортскиот карактер и елеганцијата, во комбинација со модерни отвори.
Профилот ќе има слична линија на прозорците како и сегашниот модел, но ќе вклучува почист изглед во однос на карактерот и линиите на површината, следејќи ја најновата еволуција на дизајнерскиот јазик на Mercedes.
Задниот дел треба да биде малку потесен како придонес за подинамични перформанси и со интегриран дискретен мал спојлер на багажникот и хоризонтално распоредени LED задни светла инспирирани од поголемата S-Class.
Следејќи ја традицијата, каросеријата на T-моделот ќе додаде повеќе практичност во мешавината благодарение на редизајнираната линија на покривот што овозможува поголем багажник. Mercedes на тој начин докажува дека „караваните не мора да изгледаат досадно“.
За разлика од својот претходник, кој беше достапен во варијанта купе со две врати и кабриолет издание, новата генерација на E-класата доаѓа исклучиво како седан со четири врати и караван со пет врати.
Новиот CLE ќе служи како индиректна замена за купе и кабриолет верзиите на E-класа и C-класа, поедноставувајќи ја понудата на Mercedes.
Како и секогаш, верзиите AMG Line и AMG на E-Class ќе имаат поагресивен комплет за каросеријата и тркала со поголем дијаметар.
Новата генерација на E-Class се очекува да се вози на доработена верзија на платформата на актуелниот модел. Ова е мудар избор за Mercedes бидејќи нема смисла да се финансира развојот на нова архитектура која не е EV помалку од една деценија пред претстојната забрана за внатрешно согорување во ЕУ.
Што се однесува до понудата на мотори, фокусот ќе биде ставен на електрификацијата, што ќе му помогне на Mercedes да ги исполни претстојните Euro 7 стандарди.
Се очекува сите мотори да имаат некаква електрична асистенција, од благи хибриди до plug-in хибридни варијанти. Најновите извештаи зборуваат за 2.0-литарски турбополет мотор со четири цилиндри, способен за 258 КС (190 kW), турбополнет 3.0-литри реден со шест цилиндри со 435 КС (320 kW) и повеќе од една PHEV опција.
AMG варијантите 53e и 63e ќе комбинираат моќност поголема од нивните претходници само со погон со внатрешно согорување. Премиерата на најновата Е-класа најверојатно ќе се совпадне со новата генерација на BMW Серија 5. Audi исто така се подготвува за фејслифт за A6, додека другите производители на автомобили веќе се повлекоа или планираат да го напуштат сегментот во корист на теренците.