За време на претставувањето на годишниот финансиски извештај, Škoda објави тизер од мистериозен концепт во кој може да се забележи нов дизајнерски израз на чешката марка

Новиот корпоративен идентитет се нарекува „Modern Solid“, што може да се преведе како „модерен интегритет“. Првиот концепт автомобил кој ќе го промовира овој стил би требало да дебитира во втората половина на 2022 година.

Она што можеме да се каже во овој момент, е само насловниот заматен тизер, но дури и врз основа на него, јасна е идејата на конструкторот. Идните возила на Škoda ќе изгледаат побрутално и посолидно. Секако, како репер се земени актуелните модели од гамата на Škoda.

Наведено е дека Škoda ќе продолжи да се фокусира на семејните клиенти, но се планира и свртување кон „природните вредности“. Во превод, тоа значи дека идната Škoda треба да биде подобар придружник за сопствениците во авантуристичките патувања низ природата и другите рекреативни настани во кои може да биде вклучено целото семејство.

Според тоа, носител на новиот стил на чешката корпорација ќе стане автомобил од сегментот на кросовери. Најверојатно ќе биде електричен модел, иако нема такви индикации врз основа на претходно обелоденетите планови на Škoda. 

Заматениот тизер ќе стане кристално чиста фотографија, некаде, кога ќе зачекориме подлабоко во втората половина од годината. 

Пад на продажбата, пораст на заработката

Како и во случајот со Volkswagen, продажбата на Škoda минатата година се намалила за 12,6%. Сепак, со 878.200 продадени автомобили, Škoda истовремено ги зголемила приходите и остварила рекорден профит од 1,08 милијарди евра, што е зголемување од дури 43,2% во однос на годината пред тоа.

Најпродаван модел и понатаму е Octavia со 200.800 примероци, а потоа следат Kamiq со 119.200 и Karoq со 109.200 примероци. Најголем дел од примероците се продадени во Европа, а најсилен пазар бил Германија со 136.800 примероци. Вториот најважен пазар бил Русија, што на Škoda и носи нови предизвици оваа година.