Со последната одлука на РКЕ е намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 3,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 16.03.2022
година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалени за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалени за 3,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,521 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,573% или за 37,550 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 5,345% или за 56,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 5,259% или за 51,550 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 4,454% или за 32,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0690 ден/$ и е за околу 0,182 % понизок од курсот на доларот (56,1711 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.