Bentley минатата година испорачал 14.659 возила, што е за 31 отсто повеќе од претходната рекордна 2020 година.

Британскиот Bentley, скапа марка под покровителство на VW Group, објави дека 2021 година била нивната најдобра година во однос на продадените автомобили, со оперативен профит кој се зголемил од 20 милиони евра во 2020 година на 389 милиони евра што е зголемување од 1.845 проценти.

Имено, Bentley минатата година испорачал 14.659 возила, што е за 31 отсто повеќе од претходната рекордна, 2020. Побарувачката минатата година била толку висока што нарачките биле на рекордно ниво и на почетокот од оваа година.

„Силата на брендот беше клучна за финансиските резултати во 2021 година, заедно со новите модели како Bentayge Hybrid кои помогнаа да се зголеми профитот на рекордни 389 милиони евра“, вели Јан-Хенрик Лафренц, главен финансиски директор на Bentley. 

„Зголемената побарувачка за нашите хибридни модели, со поддршка 3 милијарди евра во нашата фабрика во Crewe, ќе обезбеди да останеме референтен производител во одржлива луксузна мобилност“.

Bentley, исто така, бележи и зголемено ниво на персонализација од страна на своите клиенти, а моделната линија вклучува низа модели со висока маржа, како што се изданијата Speed, Mulliner и Hybrid. Сето тоа го зголемило приходот по возило за осум проценти во однос на претходната година, обезбедувајќи принос од продажба од 13,7 проценти.

Bentley дел од успехот го припишува и на својот план за иднината, според кој планира да претстави уште едно ново електрично возило почнувајќи од 2025 година. Во исто време целта на брендот е да се биде климатски неутрален од крајот на 2030 година.

„Овие резултати се постигнати во контекст на континуирана економска несигурност“, вели Адријан Халмарк, извршен директор на Bentley Motors. „Тие се големо достигнување за сите оние кои се вклучени во Bentley Motors додека напредуваме со нашата програма Beyond100 за редизајнирање на целата палета на производи за градење на јаглеродна неутралност до 2030 година“.