РКЕ: Од ноќеска на полноќ дизелот со намалена цена!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 14.03.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 3,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,615 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 59,299 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај дизелот во просек за 4,255% или за 50,800 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 4,169% или за 46,300 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,999% или за 23,400 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,2382 ден/$ и е за околу 0,111 % понизок од курсот на доларот (56,3007 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.