Спортските возила на италијанскиот Fiat се продаваат под марката Abarth, но гамата на овој (под) бренд е многу скромна во однос на бројот на модели што го сочинуваат. Моментално се актуелни само малите модели со име Abart 595 и Abart 695, а се базирани на Fiat 500 со три врати. Како такви, тие главно се нудат на европскиот пазар

Сепак, наскоро гамата ќе биде збогатена и со првиот кросовер. За жал, нему ќе му се радуваат далечните Бразилци.

Fiat веќе се обиде да го промовира брендот Abarth на тој пазар. Во 2002 година во Бразил се појави хечбек со 5-цилиндерски мотор и 2.4 литри зафатнина, од кој „рикаат“ 167 разиграни „коњи“. Неговото име беше Fiat Stilo Abarth, но моделот стигна само до 942 клиенти.

Потоа, во 2014 година, Fiat 500 Abarth беше лансиран и придвижуван од турбо 1.4-литарски мотор од семејството Multiair, но навистина не се покажа како бестселер, бидејќи беше испорачан на само 283 клиенти. Сега во Fiat се потпираан на онаа народната „трета – среќа“, но овој пат пристапиле поодговорно, па развиле специфичен модел, имајќи ги предвид преференциите на потенцијалните купувачи со бразилски пасош.

Штотуку претставениот новитет го носи името Fiat Pulse Abarth. Претставува набилдана верзија на локалниот кросовер Fiat Pulse. Новитетот е долг 4,1 метри и овој цивилен улен на Fiat е втемелен во хечбекот Argo. Судејќи по името, сепак е Fiat, но тоа не го потврдува отсуството на налепница на каросеријата на теренецот. Ќе наидете само на логотипите на Abarth (шкорпија), но на грбот – апсолутно никаде.

Очигледно, двојното брендирање на првиот Abarth со повишено седење било неопходно за подобро позиционирање на новиот модел.

За жал, имаме многу малку информации за самото возило. Почетокот на продажбата е закажан за последниот квартал од оваа година, па Fiat има доволно време да не задоволи со техничките спецификации. Гледано однадвор, новитетот се разликува од донаторскиот SUV по имплементацијата на нови браници, тркала од 18 инчи, двојни краеви на издувните цевки и контрастниот декор низ возилото.

Се очекува кросоверот на Abarth да биде придвижуван од 1.3-литарски турбо бензински мотор со 185 коњски сили. Дополнително, разумно е да се надеваме дека новиот Abarth ќе има зајакнат систем на суспензија, како и моќен систем за сопирање. За жал, погонските тркала ќе бидат само оние во близина на фаровите.

Само избрани дистрибутери на возилата на Fiat ќе добијат и франшиза за продажба на автомобилот на Abarth. За да се квалификуваат за таков договор со Италијанците, трговците ќе треба да обезбедат посебни делови во салоните со соодветен дизајн и изложбен простор. Доколку се оди онака како што би сакал Карлос Таварез како прв човек на Stellantis, тогаш би можеле да се надеваме на промоција на други, односно нови адути со ознаката na Abarth, не само на бразилскиот пазар.