Со новата одлука на РКЕ од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемени во просек за 1,67%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 09.03.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променети, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 95,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), е зголемена за 3,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), е зголемена за 2,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 92,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС е зголемена за 1,404 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 60,569 ден/кг

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај дизелот зголемување во просек за 3,616% или за 42,600 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,984% или за 33,000 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,265% или за 17,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,1945 ден/$ и е за околу 0,49 % повисок од курсот на доларот (55,9205 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.