Проблеми во Германија: Панична побарувачка на екстра лесно масло за греење и поскап дизел од бензин!
Технолошки, производството на екстра лесното масло за горење или таканаречената црвена нафта за домаќинство и е слично на процесот на добивање дизел, па зголемената побарувачка влијае и на растот на цените на овој вид гориво
Војната на Русија со Украина уште еднаш ги катапултираше цените на горивото на рекордно високо ниво низ Европа, а Германија не е исклучок. Потрошувачите во неделата морале да платат повеќе за литар дизел отколку за литар бензин Супер Е10. Низ целата земја, литар гориво Супер Е10 чини во просек 1.965 евра, а дизелот два центи повеќе или просечно 1.984 евра.
Според германскиот автомобилски клуб (ADAC), фактот што дизелот во моментов е поскап од бензинот, се должи на многу големата побарувачка за црвена нафта за греење. Ова е нетипично за грејната сезона, која е при крај, но очигледно луѓето во моментов купуваат и складираат нафта за греење бидејќи не знаат како ќе биде следната зима.
Технолошки, производството на нафта за греење е слично на процесот на добивање дизел, па зголемената побарувачка влијае и на растот на цените на овој вид енергенс. Поради зголемената побарувачка, нафтениот гигант Shell одлучи да ја ограничи продажбата на нафта за греење на големи клиенти. Сега се шпекулира дека сите настани би можеле да предизвикаат недостиг на дизел гориво…