Покрај еден куп класични Баварци како BMW E30, има и модели на Alfa Romeo како Alfetta и GTV6, Citroen, Jeep модели…

Со милиони автомобили произведени од памтивек, едноставно е невозможно да не налетате на напуштени и заборавени од време на време. Меѓутоа, во една напуштено преставниште на BMW во Шпанија, нема само неколку од нив – има еден гуп кои гнијат во прашина.

Напуштеното преставништво на BMW се наоѓа во Тарагона, Шпанија. Нејговиот сопственик бил колекционер на автомобили, а потоа решил да ги чува возилата под еден покрив кога преставништвото се затворило пред една деценија.

Автомобилите сега се очигледно заборавени, или едноставно запоставени. Оваа 70-минутна обиколка на YouTube каналот “> M539 Restorations“ ни дава поглед одблизу на овие „скапоцени камења“ скриени од очите на јавноста. Зградата моментално е во нечија сопственост, вклучувајќи ги и автомобилите во неа. Сепак, колекцијата не е ограничена на BMW, туку има и Alfa, Lancia, Jeep и Citroen модели.

Меѓу автомобилите кои предизвикале интерес кај колекционерите на европски класични автомобили се „коцкицата“ BMW E30, Alfa Romeo Alfetta и GTV6. Од други вредни за спомнување автомобили тука се E28 M5, 850i (E31) и E34 525td покриени со птичји измет. Тука е и еден E32 750i со V12 мотор.