Вака изгледа Audi RS6 Avant кој со денови бил под вода / ВИДЕО
Во германскиот град Гунделсхајм е уништен нов Audi RS6 Avant, откако сопственикот на автомобилот „случајно“ влетал со него во реката Некар
Инцидентот се случил на 13 февруари, а како што се дознава, 37-годишниот сопственик на овој RS6 се паркирал покрај реката за изврши нужда. По грешка, менувачот го оставил во позиција рикверц, па кога се вратил во автомобилот без да примети, стиснал на педалата за гас, а автомобилот забрзано се придвижил наназад и паднал низ насипот во реката.
Според Rein-Neckar-Zeitung сопственикот успеал да побегне преку подвижниот отвор на кровот и да доплива до брегот на реката. Кога екипите на Брзата помош пристигнале на лице место, се погрижиле за неговиот шок и блага хипотермија.
На властите им требало долго време да го лоцираат RS6 откако целосно потонал во длабочините на реката. Автомобилот бил успешно лоциран дури вечерта на 15 февруари, со помош на сонар со висока резолуција, а реката била затворена за бродови за да може да започне операцијата за вадење на автомобилот. Нуркачите имале задача да го прицврстат RS6 со ремени пред да биде подигнат од реката пред мала толпа на присутни. Интересно, во реката се пронајдени и голем број други автомобили.
Откако RS6 бил извлечен од реката, портпаролот на полицијата, Карстен Димер, изјавил дека властите ќе започнат истрага околу веродостојноста на објаснувањето на возачот за инцидентот.
Едно е сигурно, овој RS6 по неколку денови под вода, тешко дека некогаш ќе се врати на патиштата.