Може ли да се изведе било каков заклучок по првиот тест на F1 тимовите и новитe болиди?! Времиња, изјави, прогнози… / ВИДЕО
Толкувањето на податоците од првото тестирање во Formula 1 е секогаш исполнето со тешкотии. Тоа е особено така кога тимовите ги имаат своите први искуства со болиди изградени според драстично изменетите прописи, како што е случајот оваа сезона
Клучната цел за тимовите на првиот сезонски тест во Барселона беше да откријат колку се точни нивните симулации и какви проблеми во реалниот свет можеби не предвиделе.
Како и да е, во текот на околу 3.000 извозени кругови на патеката Каталуња, тимовите дадоа некои рани индикации за тоа каков е резултатот од нивните напори за развој надвор од сезоната. На тимовите им претстои уште еден тридневен тест до крајот (Бахреин), а за неколку тимови тоа ќе биде единствена шанса да ги вратат своите програми за 2022 година на вистинскиот пат. Ова особено се однесува на тимовите на Alpine и Alfa Romeo.
Времиња на кругови
Луис Хамилтон на третиот ден од тестовите го постави најбрзото време по круг, а јасно е дека новата генерација на автомобили, дури и при овие рани обиди, изгубиле релативно мала брзина.
За оние кои се надеваат дека ќе видат тесна конкуренција оваа година, јазот помеѓу времињата во круг нуди одредено охрабрување. Разликата помеѓу најбрзите и најбавните времиња на тимовите беше 2.747 секунди, што е малку повисока од 2.5 секунди забележана на минатогодишната трка на оваа патека.
Тоа е охрабрувачки блиску со оглед на новите правила што создадоа потенцијал за една екипа да добие значителна предност. Индикациите досега се дека тоа не се случило.
Возач | Среда | Четврток | Петок |
Луис Хамилтон | 1’20.929 | 1’22.562 | 1’19.138 |
Џорџ Расел | 1’20.784 | 1’20.537 | 1’19.233 |
Серхио Перез | 1’21.43 | 1’19.556 | |
Ландо Норис | 1’19.568 | 1’20.827 | |
Чарлс Леклерк | 1’20.165 | 1’19.689 | 1’19.831 |
Макс Верстапен | 1’22.246 | 1’19.756 | |
Себастијан Фетел | 1’21.276 | 1’20.784 | 1’19.824 |
Пјер Гасли | 1’19.918 | 1’22.469 | |
Карлос Сајнц Јуниор | 1’20.416 | 1’20.546 | 1’20.072 |
Даниел Рикиардо | 1’20.288 | 1’20.79 | |
Николас Латифи | 1’23.379 | 1’21.894 | 1’20.699 |
Фернандо Алонсо | 1’21.746 | 1’21.242 | |
Никита Мазепин | 1’24.456 | 1’21.512 | 1’26.229 |
Александер Албон | 1’22.76 | 1’21.531 | 1’22.652 |
Јуки Тсунода | 1’21.638 | ||
Ганжу Жоу | 1’21.885 | 1’21.939 | |
Ленс Строл | 1’23.327 | 1’21.92 | |
Мик Шумахер | 1’22.962 | 1’21.949 | |
Естенан Окон | 1’22.164 | ||
Валтери Ботас | 1’22.572 | 1’22.288 | 1’30.433 |
Роберт Кубица | 1’25.909 |
Верстапен воздржан: Невозможно е се изведе заклучок
„Апсолутно е невозможно да се каже како стоиме во однос на другите. Само што го поминавме првиот тест. Најважно е што сè помина горе-долу без проблеми. Задоволен сум од балансот на болидот, но знам и дека во Бахреин повторно се ќе биде поинаку“, вели Ветстапен.
На Леклерк му се допаѓа како функционира новиот F1-75
За време на овој прв тест, Карлос Саинц и Чарлс Леклерк успеаја да бидат на врвот на листата на постигнати времиња по круг на крајот од секој ден. И ако ова покрена многу шпекулации, возачот од Монако вели дека се уште е рано за првите прогнози, но е задоволен од перформансите.
„Се разбира, убаво е да се види твоето име веднаш покрај првото место, но тоа сега не значи ништо. Мислам дека сите во тимот се свесни за тоа“. изјави Леклер за SkySport. „Се обидовме да пробаме што повеќе работи“.
Сепак, според него, F1-75 досега добро се покажал.
„Ми се допаѓа чувството, но ова се само воведни денови“.
Норис и Расел: Тешко е да се каже дали претекнувањето ќе биде полесно со овие болиди
Новите правила требаше да го подобрат целокупното шоу и да го олеснат следењето на болидот напред исто како и претекнувањето. Она за што сите се согласуваат е дека следењето на болидот напред дефинитивно е полесно, а Норис и Расел во текот на последниот трет ден од тестирањата се обидоа да видат како ќе се одвиваат работите при претекнување.
За жал, впечатоците на двајцата возачи не се добри.
Норис во еден момент реши да го успори Расел бидејќи сакаше да види како возачот зад него ќе реагира доколку се обиде да претекне. Сепак, тие заклучија дека ефектот на заветрина е послаб од порано, па претекнувањето на правците не е полесно.
„Следењето е подобро, но заветрината сега е многу послаба. Тешко е да се каже како ќе биде. Дефинитивно ви е потребна таа разлика на правците ако сакате да стигнете до први до кривината по правец. Бев веднаш зад Ландо, можеби една должина на болидот, и не можев да го стигнам, што е малку загрижувачки“, вели Расел.
„Мислам дека Џорџ и јас демонстриравме се совршено. Не сакав да го пуштам кога беше во брз круг и го забавив. Ние правиме такви работи од време на време на тестови. Џорџ кажа се убаво. Следењето во кривините е подобро, но тешко е да се каже колку е навистина подобра ситуацијата, бидејќи има многу фактори кои можат да имаат влијание. Но, тогаш имаме и недостаток на заветрина и сè уште не знаеме колкаво влијание ќе има тоа. Ќе знаеме дури на првата трка“, дури на првата трка.
Хамилтон: „Во моментов немам поим каде сме во споредба со другите“
Седумкратниот светски шампион се врати на патеката по драматичното финале во Абу Даби, па едвај чекаше во Барселона да го испроба нов болид. Засега е задоволен од направеното.
„Имаве три интересни денови зад нас, но не и лесни“, изјави Хамилтон за Speedweek.com. „Треба да надминеме некои пречки“.
Тој додава дека овие болиди се однесуваат сосема поинаку од лани, но се уште не може да даде попрецизна прогноза до каде се во однос на конкуренцијата.
„Во моментов немаме идеја каде сме во однос на другите“, додава Хамилтон.
Волф: „Имам чувство дека Ferrari моментално го има најсилниот мотор“
Ferrari долго време се подготвува за оваа нова сезона, каде што е јасно дека добро напредувале во текот на зимата, а покрај добрата интерпретација на правилата за аеродинамика, Тото Волф смета дека италијанскиот тим направил добар мотор.
„Имаме чувство дека Ferrari го има најсилниот мотор во моментов“, вели шефот на Mercedes за Auto Motor und Sport.
Според написите од различни извори, Ferrari вложил многу труд во проектот за 2022 година, па така се преземени ризици и во областа на аеродинамиката и агрегатите. Главната причина за овој потег е употребата на новото гориво Е10 како и правилото за замрзнување на развој на моторите.