По синоќешната средба со тимските шефови и претставниците на FIA, Formula 1 одлучи да заземе став дека овогодинешната трка за ГН на Русија во услови кои се моментално помеѓу Русија и Украина не може да се одржи

„Светскиот шампионат во Formula 1 ги посетува земјите ширум светот за да ги обедини луѓето и нациите на начин што ќе организира трки во Formula 1.

Во четвртокот вечерта претставниците на Formula 1, FIA и сите Formula 1 тимови одржаа состанок на кој, со поддршка на сите акционери и претставници, заклучивме дека не е можно одржување на трката за ГН на Русија во вакви услови“, се вели во изјавата од Formula 1“.

Како алтернативна трка веќе неколку дена се споменува Турција и патеката Истанбул Парк, но се уште нема официјална потврда.