Во новата сезона стартот на трките ќе содржи малку поинакви процедури од претходните години

Во последните неколку сезони, возачите кои во втората квалификациска серија се пласираа на позициите од 1 до 10, односно обезбедуваа пласман во третата квалификациска сеисја, мораа неделната трка да ја започнат со оние гуми со кои го поставиле најдоброто време во третиот дел од квалификациите. Така, тактиката за трките се правеше веќе во саботните квалификации. Ова правило за престојната сезона се менува.

Според новите спортски правила за 2022 година возачите ќе имаат слободен избор на гуми на стартот на трката.