Во Индија, игнорирањето на возовите кои возат низ густо населените области се чини дека е обичај што понекогаш завршува со непосакувани последици.

Познато е дека Мумбаи во Индија е еден од најпрометните градови во светот со стотици илјади возила на улиците и дење и ноќе, особено мотоцикли, бидејќи овој начин на транспорт, барем досега, се покажал како брз и сигурен.

Сепак има и поинакви ситуации. А игнорирањето на сигнализацијата од страна на мотоциклистите е секако главниот виновник. Така, надзорните камери на еден премин за воз во тој голем град снимиле неверојатна сообраќајна ситуација, а мотоциклистот од виралната снимка може слободно да се нарече среќник на годината.

Имено, иако сигналот навестува дека наскоро доаѓа брзиот патнички воз Rajdhani Express, кој го поврзува Њу Делхи со сите поголеми градови во земјата и рампата е спуштена, гледаме луѓе како лежерно се шетаат преку пругата и еден мотоциклист.

Тој имал намера да премине на другата страна пред да помине возот, но проценката за близината на возот кој доаѓа била многу лоша, што го оставило без време и простор да се повлече. Некако, буквално во последен момент успева да застане што му го спасило животот.

Останал без мотор кој возот го разнел на парчиња, но по ова искуство овој факт би требало да му биде помал проблем, исто како и веројатноста да е полесно повреден со оглед на тоа што криви и се држи за неговиот грб …