Русин го собори светскиот рекорд во континуиран дрифт со Lada 1600 / ВИДЕО
Жителот на Екатеринбург, Евгениј Новокшонов, го собори светскиот рекорд во непрекинат дрифт, возејќи Lada 1600 (VAZ-2106). Рекордерот поминал 440 километри за 17 часа
Претходниот светски рекорд е поставен од страна на американскиот инструктор за возење Јохан Шварц. Тој во 2018 година осум часа управувал со своето BMW на споменатиот начин. Новокшонов уште тогаш дошол на идеја да го собори тој рекорд.
„Следејќи ги информациите за овој рекорд, помислив дека работата е супер лесно изводлива. Ќе успеам, сто проценти. И успеав. Чувствував големо задоволство додека возев. Сонцето ми светеше во очите, со нетрпение чекав да го работам она што толку многу го сакам“, вели Новокшонов.
Тој го надминал рекордот на Шварц повеќе од двапати. По мразот на езерото Калди во регионот Чељабинск за 17 часа поминал 440 километри, без застанување. Автомобилот од домашно производство од 1996 година го користел од принцип, а во кабината на автомобилот имал буре со 200 литри бензин за полнење на главниот резервоар.
„Ставив резервен вентил на бурето за гориво за да можам брзо да го затворам ако нешто се случи додека возам. Претходно имам правено разни тестови за протекување и слично. Во зимски дрифт, многу ретко се случува автомобил да се запали. Во краен случај ќе успеев да излезам“, вели новиот рекордер.